Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „Алфа ТВ“ изјавил дека не се согласува со ставовите на претходните македонски премиери дека Скопје е единствен наследник на Александар Велики.
„Зоран Заев ги отфрла практиките на својот претходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на претходните премиери дека Скопје е единствен наследник нa Александар Велики“, е објавено на веб-страницата на телевизијата во најавата за интервјуто што ќе се емитува на Божик, 7 јануари.
Во интервjуто, како што е објавено на веб-страницата, Заев ја повторил намерата да придонесе во преговорите меѓу двете земји, со реципрочни отстапки, за името на ФИРОМ. „Обраќајки им се и на грчкиот и на македонскиот народ, Заев вели дека во интерес на двете земји е да се најде решение во првата половина од 2018 година“, објави „Алфа ТВ“.
Според најавата, Заев во првото интервју за грчки медиум зборувал и за Алексис Ципрас и за заедничките интереси на Грција и Македонија.