Претседателот на САД, Доналд Трамп е љубител на брзата храна, а Мајк Вуф во книгата за Трамп пишува дека тој сака да јаде храна од познатите ланци поради страв од труење.
– Трамп има страв од труење и поради тоа сака да јаде од Мекдоналдс и ланците за брза храна – знае од каде доаѓа храната, пишува Вуф во книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“.
При еден негов говор Трамп истакна дека сака чистота и дека сака да оди таму каде што е сигурно, а не на места каде што не знае од каде доаѓа храната.