Турскиот народ е уморен од бескрајните преговори за членство во ЕУ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на заедничката прес-конференција со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз.
– Можно е, на крајот, да не принудат да преземеме одредени чекори. Анкара нема намера постојано да моли за да биде примена во ЕУ. Колку е жално тоа што Турција е принудена да чека пред вратите на ЕУ веќе 54 години, рече Ердоган.
– Франција верува дека иднината на Турција и на турскиот народ мора да биде во Европа, истакна Макрон.