13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

БЕВ СТУДЕНТКА И РАБОТЕВ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА, СЕГА СУМ СПОНЗОРУША И ЌЕ СИ КУПАМ СОПСТВЕНА КУЌА

Пред една година 22 годишната Кејти не помислувала дека ќе живее ваков живот. Работела во ланец ресторани за брза исхрана и паралелно студирала. А тогаш слушнала за светот на спонзорите кои сакаат на своите спонзируши да им ги платат сите животни трошоци и така ја почнала нејзината нова “кариера”.

Се почнало откако направила профил на еден сајт специјализиран за спојување на спонзори и спонзоруши. Првиот човек на кого налетатала имал 30 години, бил разведен и “само му требало женско друштво”.

– Само седевме и разговаравме, понекогаш одевме во кино или јас ќе отидев кај него дома и таму учев, вели Кејти за Дејли Меил и додава дека за тие активности од него добивала 500 долари неделно. Меѓутоа, наскоро го раскинала договорот со него затоа што сакал сериозна врска.

Тој не сакаше секс, но јас сакав, вели Кејти и додава дека наскоро пронашла нов спонзор. Тој имал 32 години и со него се гледала 3 месеци. Се гледале, како што вели, еднаш до два пати неделно и правеле се што прават вистинските парови, вклучувајќи и секс.

И од него добивала 500 долари неделно, но и многу накит и слични ситници.

– Тие врски се како вистинсите, озбилни љубовни врски. А парите се само црешата на врвот од тортата, уверува оваа девојка.

По него, имала уште неколку спонзори – сосема доволно сега Кејти да има доволно пари за сопствена куќа.

– Да, кријам од своите познаници и пријатели дека сум спонзоруша затоа што околу тоа постои многу стигма и табуа. Луѓето се огорчени, а незнам зашто. Преовладува мислење дека спонзорушите се неозбилни и немотивирани, а погледнете ме само мене – јас сум успешна студентка која гордо заработила многу пари. Не гледам ништо лошо во својата работа – спонзорството е обостран договор и двете страни знаат што добиваат, заклучува оваа девојка.

 

Извор: Сваштарник.мк

поврзани објави

Последни објави