14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

„Ријл њуз“: На маса се три имиња за Скопје

Грчкиот весник „Ријл њуз“ објави дека на маса се три предлози за името на земјава – „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“. Според весникот овие предлози ќе бидат претставени на средбата на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

– Според информациите, на маса се наоѓаат имињата „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“ (без превод), иако не е исклучено Метју Нимиц во последен момент да смисли едно ново сложено име. Овие имиња, се чини дека ги одбра специјалниот медијаторот на ОН, помеѓу другите имиња што биле ставени на маса, како што се „Вардарска Македонија“, „Славомакедонија“, предлог што се чини дека не го прифаќаат Албанците од Скопје, пишува новинарот во неговата анализа.

Во врска со мини-министерскиот совет одржан во четвртокот во Грција, според весникот Ципрас ставил до знаење дека преговорите се со рок на траење и дека ако нема перспектива за решение, во марк ќе треба да се забрзаат рзговорите.

Коѕијас ги известил учесниците на состанокот за грчките позиции и за предлозите на преговарачката маса, додека Каменос најавил дека тој нема да биде причина за да падне владата.

– Не треба уште многу време да се влече прашањето и да се мачи и грчкото општество, според „Real news“, рекол Алексис Ципрас, на состанокот.

Панос Каменос, според весникот, со изјавата дека нема да прифати употреба на „грчкиот термин Македонија“, можеби би се согласил за име во кое терминот Македонија би бил на македонски, без превод.

Весникот во анализата пишува дека генералниот секретар на НАТО, доаѓа во Скопје „кусо пред Нимиц да го достави до преговарачите името што го предлага за Скопје“, за да се разговара за интеграција во Северно – атлантската алијанса, потсетува дека во април, ЕУ ќе ги разгледа перспективите за интеграција во Унијата и додава дека без решение на името, Атина нема да даде зелено светло за влез ниту во НАТО, ниту во ЕУ.

– Се очекува следниот период, Скопје да го посетат и други странски лидери, во еден очигледен напор да ја убедат Владата да оди напред кон компромис. Во исто време, Атина, очекува директни практични потези во правец на напуштање на иредентизмот, како што е на пример преименување на аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците на личности како што се Александар Велики и Филип, пишува весникот.

Во текстот се наведува дека Атина предупредила да не се спроведува референдум во Македонија за одобрување на договорот, бидејќи според поценките тој би бил отфрлен од мнозинството граѓани.

поврзани објави

Последни објави