13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Тотално забега: Мурињо најде нови виновници за лошите резултати, цела Англија му се смее

Фактот дека шампионската титула во Премиер лигата му бега од рацете и дека трета сезона по ред ќе остане без неа, очигледно создава голема нервоза кај Жозе Мурињо.

Последниот месец тој отвори фронт со кого стигна: од менаџерите на противничките тимови, преку ФА, па до вработените во Манчестер Јунајтед. Но, никој не веруваше дека може да отиде дотаму што за виновници за лошите резултати може да ги прогласи децата кои ги враќаат топките на натпреварите на домашен терен.

За тоа досега беа задолжени дечињата од околните школи, но Мурињо побарал таа улога во иднина да ја извршуваат членовите на фудбалската академија на Манчестер Јунајтед. Ваквиот потег не само што наиде на чудење, туку и на потсмев во цела Англија.

Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави