Само неколку часа откако весниците во Англија и Шпанија потврдија дека Ливерпул и Барселона постигнаа договор за Бразилецот Кутињо, стигна и официјална потврда. 25-годишниот Филипе Кутињо од вечерва е нов член на Барселона за сума од 160 милиони евра, што е клупски рекорд и рекорд на шпанска Примера.
Клаузулата на Кутињо изнесува 400 милиони евра, а неверојатна операција со дебел плус реализираше англискиот гигант, кој го доведе Кутињо од Интер за 10 милиони евра.
Плејмејкерот на бразилската репрезентацина се враќа во Каталонија, каде мина една сезона на позајмица од Интер во Еспањол. Погледнете како Барселона му посака добредојде на својата нова седумка:
👋 Philippe Coutinho!Bem-vindo! Benvingut! ¡Bienvenido! Welcome!🔵🔴 #BeBarça
Posted by FC Barcelona on Saturday, January 6, 2018
Утре попладне Кутињо ќе биде во свечената ложа на „Камп Ноу“ за време на натпреварот Барселона – Леванте од 18. коло на Примера.
Gol.mk