13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Божиќен ручек за 500 деца во Прилеп

Денеска во прилеп по 12-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Божиќен ручек“ во организација на Детската амбасада на сите деца во светот, на која 500 деца од сите градови ќе ручаат, ќе се дружат и ќе го слават Христовото раѓање.

Ручекот е организиран за децата без родители, деца на загинати бранители, деца со посебни потреби и деца – истакнати членови на Детската амбасада.

Во рамките на манифестацијата Детската амбасада на сите деца на светот ќе го додели и орденот „Носител на мирот“ и плакетата „Пријател на децата“, а трпезата ќе ја благослови митрополитот г. Петар.

поврзани објави

Последни објави