Управата за хидрометеоролошки работи информира дека ќе продолжи периодот на стабилно и претежно суво време.
До четврток најчесто ќе дува слаб јужен ветер поради што по котлините ќе има појава на температурна инверзија, која ќе биде најизразена од утре до петок.
Утре, а потоа и во периодот до четврток ќе има и појава на магла, а некаде и ниска облачност по долините и речните долини. Во овој период на североистокот и во Скопско, од утре кон среда ќе има малку поизразено струење, па преку денот маглата ќе слабее, но се очекува условите за магливо време и понатаму да останат.
Дневната температура во местата со магла ќе остане пониска, а во останатите ќе се задржи релативно топло преку денот за овој дел од годината.
Од среда попладне се очекува зголемена облачност и услови за појава на слаб дожд, некаде на југот.
Значителна промена на времето се очекува од петок преку денот и ќе биде проследена со умерен северен ветер и врнежи од дожд, а на планините од снег.
Позначително спуштање на температурата ќе се почувствува во сабота.