14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

НАЈБОГАТИОТ ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ ИГРА ЗА Б ТИМОТ НА ЛЕСТЕР

Се работи за внук на Султанот од Брунеи и неговото име е Фаик Болкија

Името Фаик Болкија е апсолутна непознаница, тој, нема мега договор, но тој е најбогатиот фудбалер во светот па дури побогат и од Меси, Роналдо, Агуеро, Гризман и другите фудбалски ѕвезди. А како? Тој е внук на Султанот Хасанал од Брунеи!
Фаик е роден во Лос Анџелес пред 19 години, а веќе неколку години е во Англија каде фудбалски се развива. Почна во академијата на Саутемптон, еднаш беше на проба во Арсенал, со Челзи потпиша двегодишна соработка, но по само една година премина во Лестер за кои потпиша тригодишен договор.
Актуелниот владетел во Брунеи, султанот Хасанал Болкијах реши по неговата смрт, целото свое богатство, го остава токму на ова момче, кој му е внук од неговиот брат. Богатството изнесува неверојатни 20 милијарди долари. Иако има пари да купи цел фудбалски тим и да игра стандардно во него, 19-годишниот Фаик е скромен и сака да оди чекор по чекор како сите млади фудбалери.

World Richest Football Player

Додека повеќето млади фудбалери се трудат максимално и брзаат да влезат во првиот тим за да обезбедат добар финансиски договор, Фаик не брза и јасно ви е зошто нема грижи во животот. Тој е дел  од една од најбогатите фамилии во светот.
„Играм фудбал од најмала возраст. Секогаш сум сакал да трчам, ја сакам топката. Родителите секогаш ме поддржувале во тоа што го правам. Мојот сон е да бидам добар фудбалер“, вели Фаик, кој сега е член на Лестер во Англија.
А колку е богата, следниот пример ќе може да даде одговор на тоа прашање. Своевремено неговиот татко Џефри за 50. роденден ја ангажирал поп-ѕвездата Мајкл Џексон да му пее за 17 милиони евра.

 

Извор: Sport.com.mk

поврзани објави

Последни објави