Службените статистички податои велат дека Пеле во кариерата постигнал вкупно 1283 гола.
Ова претставува еден од најголемите митови во фудбалот, а самиот Пеле во изјава неколкупати рече: „Меси можете да го споредувате со мене дури кога ќе постигне 1283 гола.“
Лео Меси во неделата против Леванте го постигна својот 1000. погодок во кариерата. Холандски новинар кој ја следи статистиката на Меси, Рамон Мин, вели дека Меси во професионалната кариера постигнал 588 голови, од кои 412 голови во младите категории на Барселона, Барселона Б, аргентинската репрезентација У20 и У23, пријателските натпревари на Барса и од хуманитарните натпревари.
Потсетуваме, Пеле во својата статистика има 526 голови постигнати на тренинзи, пријателски натпревари и ‘комерцијални’ турнеи па дури и оние од бразилската воена екипа, додека служел воен рок. Земајќи ги во предвид сите овие факти споредувањето на Пеле и Меси по број на голови може да започне!