18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Сити во нов луксузен шопинг: За 50 милиони купува нов фудбалер?

Зимскиот преоден рок веќе сега го добива епитето најскап на сите времиња, а се продолжува и понатаму со купувања на великаните на европскиот фудбал.

Манчестер Сити е главниот фаворит за потписот на 50 милиони вредниот играч на Лестер Сити Хари Магуери, објавува The Sun. Пеп Гвардиола е воодушевен од одбранбениот играч на Англија, кој во Лестер пристигна претходното лето од Хал Сити па истиот е подготвен да испрати огромна понуда за да го донесе во својот клуб.

Шефот на Ман. Сити во клубот сака да донесе стопер кој би имал право на настап во Лига на шампиони, а овој фудбалер е играч кој ги задоволува тие критериуми.

поврзани објави

Последни објави