Пато повторно во Милан?
Некогашната голема надеж на бразилскиот фудбал, Александре Пато, во моментов игра во далечната Кина каде што настапува за екипата Tijanin Quanijan.
Пато во Кина замина минатата зима после само шест месеци поминати во Виљареал. Бразилскиот напаѓач не може да ја одбие богатата понуда иако многу веруваа дека со игрите во шпанскиот клуб повторно може да се врати на голема сцена.
Овој напаѓач најдобри натпревари пружаше во дресот на Милан за кој одигра 150 натпревари и постигна 63 гола. Меѓутоа, зачестените повреди го одалечија од првиот тим, по што Пато одлучи да се врати во Бразил. Но, се чини дека Бразилецот не би имал ништо против да повторно заигра за Росоњерите.
“Милан е мојот дом. Тогаш прв пат заиграв за Бразил и клубот ми даде можност да бидам познат ширум светот. Добив шанса да играм во Европа, да освојувам трофеи и да бидам дел од екипа која беше составена од прекрасни играчи. Се надевам дека ќе се вратат таму каде што припаѓаат – во врвот! Дали ќе се вратам еден ден? Сега играм во Кина и сум среќен, но никој не знае што може да се случи во иднина. Ако дојде понуда сериозно би размисил за тоа“, рече Пато.