Неколку патриотски организации кои потпишаа соработка со Македонските Обединети Сили денес во јавноста испратија проглас, со кој најавија дека во иднина од зборови ќе преминат во дела, а првиот чекор ќе биде граѓанска непослушност кон институциите кои, како што велат, се нелегитимни и не се легитимен носител на власта која ја дава народот. Најавија и дека секој функционер, вклучително и пратениците особено Македонци по род кои ќе гласаат за најавените анти-македонски политики ќе бидат жигосани како одродници
МОС Македонски Обединети Сили, СМК, ПРЕРОДБА, ТВРДОКОРНИ
Коложег 8 2018 година, обзнануваме ПОВИК на КАМПАЊА ЗА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ како граѓанско средство со кое се спротивставуваме на политичкото насилство врз македонскиот народ. Во услови на сеопшти напади за разграбување на македонската државност ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ И ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, на секое место преку разни облици на граѓанска непослушност да го одбраниме својот дом и да ја одбраниме скапо платената македонска државност.
Кампањата на ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ и МОРАЛНО ЖИГОСУВАЊЕ се води против внатрешните сили, како партии, организации, така и поединци кои вршат дејства во спроведување на плановите за разнебитување на македонската нација.
Не ги признаваме за легитимни органите кои себе си се нарекуваат: Собрание, Влада и судство на Република Македонија, се додека управувањето со Македонија не му се врати на нејзиниот легитимен историски носител – МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Посебно не признаваме ниту една одлука од национален карактер која ќе ја донесат наведените органи. Во секоја прилика ќе даваме отпор во спроведувањето на секоја нивна одлука.
Сите оние кои во таканареченото Собрание ќе гласаат за навестените антимакедонски закони ќе бидат сметани за непријатели на македонскиот народ. Посебно родените како Македонци кои ќе гласаат за законите како: Законот за јазиците со кој се воведува франкештајнска досега невидена двонационална држава. Договорот за добрососедство со Република Бугарија со кој македонската историја, а со тоа и македонската нација се третираат како бугарски. Планот 3-6-9 со кој се напаѓа здравата духовна култура и моралот на македонскиот народ. И на крај договарањата за името Македонија со кој македонското име во меѓународните односи му се предава во сопственост на јужниот сосед. Сите пратеници кои ќе учествуваат во гласањето на овие антимакедонски закони ќе бидат сметани како изроди од македонскиот народ. Тие и нивните нечесни семејства, нечесни родители и нечесно потомството секаде ќе бидат подложени на третман како одродници. Одродници кои во услови кога се работи за живот и смрт не се обѕрнале на тешката состојба кај сопствениот сиромашен народ туку им се приклучиле на ударите врз народот насочувани од надворешните непријатели.
Сите пратеници по име и презиме ќе бидат наведени и од моментот на гласање ќе го носат јудиниот белег. Тогаш кога Македонија ќе му биде вратена на македонскиот народ, секој од нив ќе одговара за својот придонес во велепредавството.
Го повикуваме СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ И СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНЦИТЕ да прекинат било какво деловно или приватно општење со личностите и организациите кои учествуваат во предавничките договорања. Не ги послушавте нашите предупредувачки зборови и зборовите завршија, започнуваат делата.
Во иднина наредните денови, недели, месеци, сѐ додека Македонија не му се врати на македонскиот народ, на пошироката јавност ќе и бидат давани насоки за начините на изразување на граѓанската непослушност. – стои во прогласот.