Последните неколку денови цела Европа зборува за трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона.
Ливерпул за овој трансфер заработија 160 милиони евра, што е за сега вториот најскап трансфер во историјата. Нејмар е засега пред него, а од летото поголем трансфер ќе има и Мбаппе.
Меѓутоа, многу фудбалски стручњаци тврдат дека Кутињо не вреди толку колку што е платен. Такво мислење има и човекот кој го откри Лионел Меси Жозеп Мариа Мингуела.
“Кутињо не вреди 160 милиони евра. Тој е добар играч, ќе му помогне на тимот, но не вреди толку колку што е платен“, тврди Жозеп и додава:
“Иста е работата и со Дембеле. Тој е платен 140 милиони евра само како да би се што побрзо нашла замена за Нејмар. Ни тој не вреди толку многу. Иако моментално владее лудило на фудбалскиот пазар, ова не се реални цени за овие фудбалери, смета тој.
Жозеп е човек кој добро ги следи состојбите во фудбалскиот свет. Тој е повеќе од 40 години агент и неговите мислења и гледишта се разберени многу сериозно кога станува збор за светски и врвни спортски експерти.