13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Двајца Бугари создаваат соларен авион на иднината

Бугари создаваат авион на иднината, кои ќе се напојува со соларни батерии. Со изработката на овој авион тие ќе учествуваат на натпревар на “Боинг“.

Дибромир и Јавор се бугарските момчиња кои работат на овој проект. Јавор работи на овој проект во Бугарија, а Добромир бара финансирање во Италија.

Twin Ray е прв од ваков вид соларен авион, инспириран од рибата скат. Twin доаѓа од англиското близнаци, бидејќи пронаоѓачите – IT професионалците Добромир и Јавор – се браќа.  3000 соларни панели ќе се наоѓаат на авионот. Тие се полнат од соларна енергија за да достигнат растојание од 400 км. Авионот е дизајниран на принципот на лего коцки. Авионот ќе ги промени патните летови и транспортните услуги.
“Авионот користи автономен систем кој може да прави испораки до блиски острови – кои многу често немаат пристап до гориво и до пошта”, објаснува Јавор Христов.
Твин Реј како проект веќе е во финалето на натпреварот “Боинг”. Ако победат, двајцата браќа ќе добијат 30.000 евра за поддршка и менторство од страна на Боинг. Минатата година, првиот авион на соларна енергија направи целосен круг на земјината топка. Спротивно на тоа, Twin Ray е побрз и е дизајниран за две лица.  Ако се пронајдат инвеститори, Twin Ray ќе биде реалност до 2020 година.

https://www.facebook.com/pg/btvnews/videos/

 

поврзани објави

Последни објави