11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Грчката православна црква против името Македонија

Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчката ТВ ЕРТ, Светиот синод ќе испрати и допис до грчкиот премиер Алексис Ципрас за да ги изрази ставовите на црквата.

По повод засилената дипломатска раздвиженост за името Светиот синод на ГПЦ, како што јавува дописникот на МИА од Атина, соопштува дека ја дели агонијата и на архијереите од грчката област Македонија, но и на народот, а со нејзината одлука од вчерашната и денешната седница потсетува кои се позициите во однос на разговорите за името.

Паралелно, преку соопштение до медиумите, ги изразува ставот и заклучоците од состанокот и бара од грчката влада да ја разбере нивната загриженост.

поврзани објави

Последни објави