3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Лавовски отпор на Македонија, но пораз и од Шпанија на СП

Македонската ракометна селекција го претрпе и вториот пораз на Мундијалот во Франција, вечерва од Шпанија која славеше победа со резултат од 25-29.

Сепак и покрај поразот мора да се истакна дека избраниците на селекторот Лино Червар одиграа еден мошне добар натпревар, го намачија силниот противник цели 50 минути. Сепак во финишот дојде до израз квалитетот кај „црвената фурија“ која на крај и убедливо славеше победа со резултат од 25-29.

Капитенот Кире Лазаров повторно беше прво име во селекцијата на Македонија откако постигна 6 гола, додека еден помалку од него, 5 даде Никол Марковски. Кај Шпанија вистински егзекутор беше Валери Риверо кој даде дури 11 гола.

поврзани објави

Последни објави