13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

СИНОТ НА РИВАЛДО ЌЕ ИГРА ЗА ЛЕВСКИ

Ривалдињо раскина со Динамо Букурешт и се сели во редовите на дваесет и шест кратниот бугарски првак чиј тренер е Делио Роси

Витор Моска Фереира Жуниор попознат како Ривалдињо, син на легендарниот фудбалер на Барселона Ривалдо, е пред потпис со бугарскиот прволигаш Левски од Софија. Според информациите од Бугарија Јужноамериканецот треба да пристигне наскоро за да го потпише договорот. Тој беше ослободен од досегашниот клуб Динамо Букурешт на 9 јануари, а софискиот клуб решил да го ангажира.
За време на престот во Динамо, Ривалдињо одигра 30 натпревари во кои даде пет гола. Другиот тим во Европа му е португалската Боависта, а во родниот Бразил играше за Интернасионал, Пајсанду и Моџи Мирим, клубот во кој татко му беше претседател.
А Левски во зимскиот преоден рок ги донесе Ајмен Беланд и напаѓачот Станислав Костов. На проба беше поранешен играч на ПСЖ, Ервен Онженда меѓутоа не потпишаа договор поради тоа што фудбалерот е повреден.

Извор: Sport.com.mk

поврзани објави

Последни објави