Овие денови кружат имиња на можни наследници на Филипе Кутињо од Ливерпул.
Бразилецот ги напушти Ливерпул за 142 милиони фунти и замина во Барселона, а последното име кое се споменува како негова замена во Ливерпул е Дани Селабос.
Младиот офанзивец на Реал пристигна минатото лето од Бетис и важи за еден од најталентираните шпански фудбалери.
Тој не играше многу оваа сезона кај Зинадин Зидан па веќе порано ја изрази својата желба да замине во Ливерпул.
Условот на Реал е да му пронајде замена, што не би требало да претставува поголем проблем, иако е јасно дека остатокот на сезона може да го помине и без него.








