13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФОТО: Вечер за паметење – Концерт на „Љубојна“ за Стара Нова година во Охрид

„Излегу да се мамо рашета“, „Твојте очи Лено“ и многу други големи хитови, испеани од грлото на Вера Милошеска синоќа направија Охрид да доживее уште една вечер за паметење со настапот на групата „Љубојна“.

ФОТО

Еден од најоригиналните домашни музички состави настапи на Градскиот плоштад како дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и прославата на празникот Стара Нова година – Василица.

Охриѓани, но и гостите кои ги имаше во голем број во регионот и поради Карневалот во Вевчани од вчера и денешниот во Куратица, уште еднаш покажаа дека се „гладни“ за вакви настани и ги охрабруваат организаторите да продолжат со новиот концепт на прослава на Нова година и сите празници во овој период од годината во Охрид кој се покажа како полн погодок.

Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

На малата сцена на Градскиот плоштад, денес од 12:00 часот, настап имаат членовите на КУД „Бисери“, а на новата сцена кај малиот плоштад кај Мини маркет од 13:00 часот ќе се одигра новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид со кој преку глума, пантомима и музика ќе се испрати силна порака за мир, хуманост и толеранција.

поврзани објави

Последни објави