13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Истражување на јавното мислење во Грција: 68% од Грците против терминот Македонија

Ρечиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името, јави дописникот на МИА од Атина.

Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор, дале само 23.6 проценти од анкетираните .

– Не го сака грчкото општество, од Еврос до Крит, ниту пак поддржувачите на СИРИЗА (64 отсто). 68 отсто НЕ за име со Македонија, пишува неделникот „Прото тема“ на насловната страна, во однос на спроведената анкета.

поврзани објави

Последни објави