13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Бугарското МНР ја поздрави Ратификацијата на Договорот за пријателство

Бугарското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на македонското Собрание да го ратификува  Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Во соопштението од бугарското МНР се констатира дека со овој Договор се реафирмира волјата за градење добрососедски односи, но е и пример за регионот.

Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Република Македонија. Ова е стратешки избор на нашата земја, поткрепен со приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, пишува во соопштението од бугарското МНР…

поврзани објави

Последни објави