13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Доаѓањето на Азар значи заминување на ѕвездата во Манчестер Јунајтед?

Асенсио ги напушта Кралевите?

Марко Асенсио е еден од најталентираните шпански фудбалери, а соите играи ги одушеви минатата сезона од фудбалскиот свет.

Асенсио покажа дека неговите квалитети се потребни на еден врвен тим како што е Реал Мадрид, но во досегашниот дел од сезоната баш и не се наигра во дресот на кралевскиот клуб. Шпанскиот фудбалер на крајот на сезоната би можел да го напушти Бернабе, а неговиот статус во клубот зависи од тоа дали Еден Азар во летото ќе пристигне на Сантијаго Бернабе.

Белгијанецот уште не го продолжил договорот со Челси, а многу сметаат дека Азар до наредната сезона ќе стане член на мадридски Реал. Флорентино Перез не ја крие својата желба дека би сакал да го види овој играч во дресот на Реал , па сигурно ќе биде подготвен на се што треба само тоа да се оствари.

Но, евентуално доаѓање на Азар сигурно ќе значи и заминување на неколкумина од Бернабе. Спрема пишувањата на шпанските медиуми Перез е подготвен да го продаде Асенсио бидејќи со купувањето на Азар тој не би се вклопи во тактиката на овој клуб.

Расплетот на ситуацијата спремно го чека Манчестер Јунајтед кој со задоволство би им го земал Асенсио, Жозе Мурињо во неколку наврати изјави дека станува збор за сјајен играч и се чини дека Асенсио е една од најголемите желби на Црвените ѓаволи за наредната сезона.

поврзани објави

Последни објави