fbpx
20.8 C
Skopje

Уште еднаш изненади: Мурињо молчи, а на прагот на Јунајтед две колосални трансфери

АКТУЕЛНО

Големата ѕвезда на ПСЖ, Лукас Моура ја потврди информацијата дека е близу до трансфер на Олд Трафорд.

Бразилецот во разговор со новинарите откри дека ќе го напушти клубот.

„Мислам дека нема да останам. Нажалост, ова е крај за мене во Париз, а морам да признаам дека ме привлекува англиското првенство. Премиер лигата е највозбудлива и најдобра на свет, а заминувањето зависи од неколку фактори. Ќе разговарам со своето семејство, а потоа ќе видам што Бог одлучил за мене“, рече фудбалерот.

Англиските медиуми пренесуваат дека Моура ќе го засили Јунајтед а сумата за тоа ќе изнесува 25 милиони евра. Таа вест е пласирана минатата недела, истовремено кога Мурињо изјави дека “не верува дека во зимскиот преоден рок ќе биде период за големи засилувања во тимот“.

Сепак, Мурињо додаде доколку се укаже можност ќе проба да донесе големи играчи како што се Алексис Санчез и Лукас Моура.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -