Амди Бајрам на овогодинешниот ромски бал во Александар Палас се појави облечен како султан.
Гостите ги забавуваше Азис, Енерџи бенд од Врање, Србија, како и познатиот ромски музички пеач, Бернат Ервин,а ѕвезда на вечерта беше познатата ѕвезда на Ромите од Лесковац, Звонко Демировиќ. За првите три најубави девојки за 2018, организаторот подготви награди, а главната награда беше патување во Дубаи и Истанбул (Босфор).
Минатата година по изборите, екс директорот на УБК и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков традиционално се појави на Ромскиот бал. Честа да ја круница убавицата на балот му припадна нему. Заедно со пратеникот Амди Бајрам, освен Мијалков, беа и новиот јавен обвинител Марко Зврлески, тогашниот министер за труд и социјала Спиро Ристоски и бизнисменот Орце Камчев.