13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Македонија слави: Победа над Црна Гора за пласман во четвртфиналната група на Европското првенство!

ФОТО: Екипа.мк

 

Еден неизвесен и тежок натпревар за македонската ракометна репрезентација. Четири победи, едно реми и еден пораз беше исходот на Македонија кога станува збор за средбите со Црна Гора.

До 45 минута од натпреварот Македонија беше во водство од 2 разлика поточно 20-22, а по прегледот на снимките, Липовина беше седнат на клупа по што нашиот тим имаше предност од ракометар повеќе и напад по што Филип Лазаров постигна гол за три гола позитива за Македонската репрезентација.

На 2 минути пред крајот нашите имаа водство од 27-29 а во самиот финиш доби суспензија Дејан Манасков.

Вистинска лудница се случуваше на трибините, по што Борко имаше петта интервенција со која создаде ерупција од воодушевување на трибините.

На 30 секунди пред крајот Раул Гонзалес имаше тајм аут, по што нашите имаа напад во кој го искористија моментот и го зададоа конечниот удар на црногорците за конечни 28-29.

Најдобар меѓу стрелците беше Филип Кузмановски, со пет гола, а го следеа Манасков, Лазаров и Миркуловски со по четири гола. Кај Црна Гора, Чавор даде шест гола, а Вујовиќ заврши со пет.

поврзани објави

Последни објави