20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Српски медиуми: Два дена пред убиството на Ивановиќ, САД издадоа алармантно предупредување за Косово

Само два дена пред политичарот Оливер Ивановиќ да биде убиен пред канцелариите на неговата партија во Косовска Митровица, американскиот Стејт департмент ги преупреди своите државјани што планираат да патуваат во Косово да бидат дополнително внимателни поради можни терористички акти, инфрмираат српските медиуми.

Оттаму и пренесуваат делови од соопштението на Стејт департментот објавено од американската амбасада во Приштина, во кое се наведува дека терористички групи продолжуваат да планираат можни напади во балканскиот регион вклучувајќи го и Косово.

Како што понатаму пишува во соопштението, терористите може да нападнат без предупредување во туристички локалитети, транспортни центри, пазари, трговски центри, објекти на локалната администрација, хотели, клубови, ресторани, верски објекти, паркови, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми и други јавни простори“, пренесуваат српските медиуми.

Во извештајот на Стејт департментот се наведува и дека политички мотивирано насилство е регистрирано во цело Косово.

Покрај тоа, Американците се предупредуваат повторно ја разгледаат својата одлука за евентуално патување кон северно Косово поради граѓански немири.

Стејт департментот и претходно издаваше слични предупредувања за своите граѓани, а последен пат порака за безбедност беше упатена во декември поради можни демонстрации во Приштина за зголемување на цените на електричната енергија, потсетуваат приштинските медиуми.

Лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, им подлегна на повредите кога беше застрелан утрово во Косовска Митровица. Ивановиќ имал неколку прострелни рани во горниот дел од телото, а лекарите се обиделе да го реанимираат, но не успеале.

поврзани објави

Последни објави