fbpx
20.8 C
Skopje

Вучиќ го свика Советот за безбедност поради убиството на Оливер Ивановиќ

АКТУЕЛНО

Српската делегација во Брисел ги прекина преговорите со Косово и итно се враќа во Белград поради убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, кој им подлегна на повредите откако беше застрелан во Косовска Митровица.

Поради овој атентат и поради заканите на претседателот на косовското собрание Кадри Весели, српскиот претседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност денеска во 12 часот.

Непознати напаѓачи утрово истрелале три куршуми кон него додека влегувал во просториите на здружението „Слобода, демократија, правда“ во Косовска Митровица. Напаѓачите најверојатно користеле огнено оружје со придушувач. Според српските медиуми, делот од градот во кој се случил нападот е блокиран од големи полициски сили.

Ивановиќ е бивш државен секретар за Косово и Метохија.Беше член на помала српска партија, Социјалдемократската партија, политички и хуманитарен лидер на косовските Срби главно од северот, односно од Косовска Митровица. Му се судеше за воени злосторства, бидејќи во 1999 година наводно дал наредба за убиство на Албанци во Митровица.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -