2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се случи и тоа: во Украина родено дете со тројца родители

џВо Украина се роди првото дете, кое има тројца родители, откако истото било зачнато со пронуклеарен трансфер, нешто што во иднина ќе биде многу повеќе актуелно, пишува Би-Би-Си.

Станува збор за вонтелесно оплодување каде наместо два, учествуваат три донатори. Ваквата случка е реализирана во клиниката „Наѓа“, каде тим на лекари оплодил мајчина јајце клетка со спермата на таткото, па потоа комбинираните гени биле пренесени во јајце клетка земена од трет донатор, па така детето има генетски материјал од своите родители, со мала количина на ДНК од друга жена.

Подоцна за медиумите лекарите потврдиле дека го сториле тоа откако кај парот не успевал вообичаениот начин за вонтелесно оплодување. И покрај ваквиот чин, детето ќе има ДНК само од двајцата родители.

поврзани објави

Последни објави