fbpx
10.8 C
Skopje

Новак Ѓоковиќ елиминиран во второто коло на АО

АКТУЕЛНО

Во натпревар кој траеше речиси 5 часа, узбекистанскиот тенисер Денис Истомин направи сензација, победувајќи го вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во пет сета.

Откако Истомин го доби првиот сет, следните два му припаднаа на Србинот, па веќе сите му запишаа уште една победа. Но, 117. тенисер на АТП листата ги освои следните два сета и обезбеди пласман во третото коло.

„И јас сум изненаден од мојата игра, ова е најголемата победа, сега имам чувство дека можам секого да победам“, изјави Истомин по мечот.

Во третото коло Истомин ќе игра против Пабло Карењо Буста.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -