11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во Њујорк утре нова рунда преговори Скопје – Атина

Утре во Њујорк ќе започне нова рунда преговори за спорот за името помеѓу преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.

Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вчера истакна дека нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.

Тој го повтори својот став дека не постои волшебно стапче за ова прашање, но изрази оптимизам дека истото ќе се разгледа во поинакво светло и од друга димензија. Нимиц оцени дека постои позитивна клина во Скопје за решавање на деценискиот спор и потенцира дека новата Влада е заинтересирана да го реши спорот, а додаде дека позитивна клима е видилива и од грчката страна.

Претходната рунда преговори, воедно и прва по тригодишниот застој во процесот, се одржа во Брисел на 11 и 12 декември, кога беше најваено дека Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се изнајде решение.

поврзани објави

Последни објави