29.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

Неверојатни 1,7 милиони евра народни пари ќе не чини законот за јазици

Новиот закон за употреба на јазиците ќе го чини буџетот за 2018 година, 106 милиони денари или приближно 1,7 милиони евра. За да функционираат Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторат за употреба на јазиците, кои допрва треба да се формираат, само за годинава ќе бидат потребни приближно 260 илјади евра, oдносно 16 милиони денари.

Овие средства се обезбедени во буџетот за 2018 година. Во Агенцијата за примена на јазикот покрај овластени судски преведувачи ќе се вработат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Работни обврски на овие лица ќе бидат лекторирање на сите акти што се објавуваат во Службениот весник на Република Македонија, ќе ги преведуваат и лекторираат и документите во сите државни институции.

За Инспекторатот за употреба на јазиците ќе треба да биде донесен нов закон. Оваа институција ќе биде во состав на Министерството за правда. Во рок од шест месеци називите на институциите треба да бидат напишани на три јазици, македонски, албански и англиски. Печатите на институциите ќе бидат само на македонски и албански јазик.

Извор: A1on.mk

поврзани објави

Последни објави