3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Владата на Република Македонија изразува жалење за бруталното убиство на Ивановиќ

Владата на Република Македонија изразува длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ.

Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство.

Истовремено изразуваме искрена надеж дека политичките елити, како и граѓаните на Косово и Србија ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи.

Владата на Република Македонија повикува и им се придружува на гласовите на разумот дека насилството и теророт не се решение и дека регионот треба продолжи напред во претстојниот исклучително значаен период за сите земји во опкружувањето.

поврзани објави

Последни објави