Едно од најголемите изненадувања на церемонијата во Лос Анџелес по повод наградувањето на „People’s Choice Awards – 2017“ беше појавата на холивудската ѕвезда Џони Деп.
Ова беше неговата прва изјава по разводот со Амбер Херд.
Деп излезе на сцената за да ја прими наградата „Омилената икона на киното“ и да им се заблагодари на сите кои го поддржуваа во изминатите тешки месеци.
„Дојдов тука поради една причина. Дојдов тука заради вас, гледачите. Заради оние кои ме поддржуваа и во добри и во лоши времиња. Заради оние кои ми веруваат. Многу сум трогнат за тоа што сум поканет на овој настан, го ценам тоа. Дури немате претстава колку силно го ценам тоа.
Вашата добрина, љубов и внимание се неизмерни. Токму поради ова овој ден за мене е посебен. Дојдов да ви се заблагодарам и да ви кажам како точно се чувствувам. Ние сите многу добро знаеме, дека никој немаше да излезе вечерва на сцената, ако не бевте вие, гледачите. Ви благодарам“, истакна Џони Деп.