fbpx
11.8 C
Skopje

Македонија никогаш не губи на Богојавление Водици на големите собири!

АКТУЕЛНО

Македонската ракометна репрезентација денес, на големиот христијански празник Богојавление Водици игра одлучувачки натпревар за тоа на кое место ќе заврши во групната фаза од Светското првенство во Франција.

Во 17:45 избраниците на Лино Червар ќе ги одмерат силите со Исланд, каде доколку забележиме пораз ќе бидеме четврти и ќе налетаме на домаќинот и прв фаворит за златниот медал Франција. Во случај на победа или реми, ќе бидеме трети и во осминафиналето ќе играме против Норвешка.

Во минатото Македонија има три порази, три победи и едно реми на овој ден. Со тоа што, сите три порази се во квалификациите во периодот од 2000. до 2005. година. Потоа следуваат три победи од 2009. до 2015. година, додека ремито беше минатата година во Краков против домаќинот Полска.

Резултати:
2016 ЕП Полска: Македонија – Полска 27:27 (Краков)
2015 СП Катар: Македонија – БиХ 25:22 (Доха)
2012 ЕП Србија: Македонија – Чешка 27:21 (Ниш)
2009 СП Хрватска: Македонија – Полска 30:29 (Вараждин)
2005 квалификации: БиХ – Македонија 34:30 (Горажде)
2003 квалификации: Швајцарија – Македонија 34:30 (Цуг)
2000 квалификации: Југославија – Македонија 33:22 (Крагуевац)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -