Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на која се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои и стратешката определба за членството во НАТО, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
ВМРО-ДПМНЕ е првата партија која кажа дека Македонија треба да е членка на НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ гласаше Македонија да учествува во сите мисии на НАТО.
Тој истакна дека Македонија во моментов е единствена земја во Европа каде има секојдневен политички прогон на опозицијата, затворени пратеници, уметници, рецесија и лоша економска состојба.
Во врска со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Ѓорчев изјави дека е познат ставот на партијата и апелираше до власта да го прекине политичкиот прогон, односно да дојде до норамализација на политичките односи.
Ѓорчев информираше дека на средбата меѓу делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ и Столтенберг, тема на разговор не бил законот за употреба на јазиците.
– Одлуката на Иванов треба да биде причина за поголема дебата на оваа тема и вклучување на експертите во решавањето на проблемот со името. Столтенберг беше заинтересиран за прашањето со името, но ние имаме одредени црвени линии кои нема да бидат преминати, рече Ѓорчев.
Извор: А1он