9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

МОС повикува на протести за името и против двојазичноста

Здружението Македонски Обединети Сили преку социјалните мрежи испрати повик за одржување на протест против како што велат наметнатата двојазичност кој ќе се одржи во недела на 21 јануари во 13 часот пред Собранието, а поддршка имаат и од Патриотското здружение „Тврдокорни“. Тие предупредија за можна ескалација на состојбата.

„Овој протест е изнуден од очигледната уништувачка политика која ја спроведуваат поедини политичари во нашата земја. Проблемот околу наметнатата двојазичност ,спроведувањето на тиранската платформа,неприродното збратимување со бугарската црква и процесот околу менувањето на името и одрекување од нашиот идентитет се сериозна причина да ниеден од нас не стои настрана како ништо да не се случува.
Состојбата е алармантна и нашата земја Македонија сега бара јунаштво од својот народ да може да ја одбрани правдата своите семејства и својот дом  Бегањето од борбата за Македонија е најголем срам за еден Македонец а отпорот е чест обврска и должност кој воедно е и пат кон бога. Го замолуваме единствен праведен бог да не благослови со храброст во борбата за Македонија која допрва започнува. Слобода за Македонскиот народ а смрт за предавниците“, стои во повикот на МОС.

МОС се неформална организација која според нивната фејсбук страна е оформена во 2001 година, а поголеми активности преземаа последните месеци со неколку помали протести против изгласување на новиот закон за употреба на јазиците. Во неа членуваат повеќе ветерани од воениот конфликт во 2001, но имаат и нови млади членови.

поврзани објави

Последни објави