fbpx
24.2 C
Skopje

Амбасада на САД: Нашиот сервис за пасоши и визи ќе продолжи да работи

АКТУЕЛНО

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската Влада.

„Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да го обновуваме овој профил редовно, освен во итни случаи“, соопшти Амбасадата на својот профил Твитер.

Американската Влада престана да работи откако остана без финансирање поради неможноста на републиканците и демократите да го договорат новиот привремен буџет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -