Кристијано Роналдо за Реал Мадрид постигна 422 гола, а дури 289 од нив во дресот на кралскиот клуб ги постигнал во првенството. Но, оваа сезона приказната е сосема различна. Португалецот постигна само четири голови во првенството, а момците на Зинадин Зидан се далеку од своите најдобри денови. Борбата за шампионската титула е практично завршена, а кризата и понатаму продолжува.
Мадридски Реал минатата сезона ја освои шампионската титула на Шпанија и Лига на шампиони, а многу оваа сезона очекуваа продолжување на таа чудесна доминација.
Кристијано Роналдо нешто покасно се вклучи во подготовките на Реал Мадрид, па Зинадин Зидан во воведните натпревари го чуваше на клупа. Во првиот натпревар од шпанскиот Суперкуп, на гостувањето кај Барселона на тревникот беше само 24. минути. Сепак, поради црвен картон на тој натпревар со Барса заработи пет натпревари казна, па Зидан не можеше да го користи на отварање на новата првенствена сезона. Првенствениот првенец оваа сезона го постигна во двобојот против Гетафе (2:1), но и на тој натпревар промаши неколкупати од одлична позиција.
Оваа сезона Роналдо сериозно размислува за напуштање на кралскиот клуб. И тоа би можело да биде вистинска причина зошто тој не е вистинскиот човек за големи работи, велат извори од Мадрид.
Луѓето надвор од клубот можат да мислат и дебатираат за се, но моето мислење е дека Роналдо треба да размислува само за играта. Како што го правеше тоа и секогаш, порача Зидан, па додаде:
И јас сакам да зборувам за тоа, за работите кои Роналдо може да ги донесе на нашата екипа, секако доколку барем малку повеќе се потруди.
Кристијано Роналдо оваа сезона во 24 настапи има постигнато 16 голови. Спрема сегашната ситуација тој веќе не делува како незаменлив член на почетниот состав на Реал. Дали дојде време за клупа?