18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Изјавата на српскиот селектор која предизвика многу реакции: 40 години живеевме како браќа, помешана крв, заеднички слави, Божиќ и Бајрам…

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Јовица Цветковиќ, ја појасни изјавата која што ја даде како најава на дуелот со Франција (понеделник, 18:15 часот), кога тој рече дека очекува „поддршка од браќата Хрватите на трибините“.

Гледам дека мојата изјава предизвика бурни реакции на сите страни, но знам што реков без трошка каење. Она што го реков, тоа и го мислам. Четириесет години живеевме како браќа, помешана крв, заеднички слави, Божиќ и Бајрам. Ни беше убаво. Ја кажав вистината што не смее да се каже. Дали ќе молчиме и ќе покажеме дека сме мртви, само не сме свесни за тоа, чекаме да ни кажат? Сакаме ли на нашите деца во следните 40 години да им оставиме погроми, бури, колење или ќе покажеме дека постоиме, давајќи им дел од нашето среќно детство, кога не знаевме за разлики меѓу луѓето? Сакаме ли да ги оставиме во гетата на малите држави или да ја отвориме широчината на нашето минато кога сите патишта во светот ни беа отворени? Дали ќе се задоволуваме што вакви мали, ништожни, слепи, го претставуваме нужникот на Европа? Не, не би требало да забораваме, но треба да простуваме поради иднината која за нашите деца на овие простори зависи само од нашата свест. Баш ми е гајле за сите оние политики кои не делат, и за сите „великосрби“, „великохрвати“, „великобошњаци“, „великоалбанци“, кои на нашите и на своите деца им копаат гробови – објасни селекторот на српската репрезентација.

поврзани објави

Последни објави