Во денот кога Манчестер Јунајтед и Арсенал ја потврдија размената на играчи, Манчестер Сити е на прагот да финализира две големи работи.
Првата е продолжувањето на договорот на Кевин де Брујне до 2023 година, а втората најавата за трансфер на Фред од Шахтјор. Познатиот новинар Џанлука ди Марѕио објави дека Сити ќе плати меѓу 30 и 40 милиони евра, а Фред треба да му биде поддршка на Фернандињо на средината на теренот.
Се очекува најдоцна до крајот на неделата трансферот да биде официјализиран.