Во утринската програма на ТВ Пинк денеска беше поставено прашањето за сексуални помагала, со оглед на зголемената популарност на истите во Србија.
Во емисијата гостите се разговараа за тоа како употребата на сексуалните помагала влијае на сексуалноста и дали тоа е табу тема во Србија.
Соговорници беа професорот Александар Милошевиќ, сексологот Данијела Тивосављевиќ, која што воедно е и психијатар и стриптизетата Бранка Белк Роуз.
– Жално е во 21 век сексуалните помагала да бидат табу тема. Морам да напомена дека уште од времето на Хипокрит постојат сексуални помагала, кои тогаш се користеле за лечење на хистерични жени, рече Бранка Блек Роуз.
Данијела Тивосављевиќ на прашањето како психологијата ги објаснува сексуалните помагала истакна дека сексолозите ги користат нив во работата со пациентите, односно пациентите ги користат кога имаат одредени психосексуални дисфункции.
Стриптизетата Бранка Блек Роуз претстави широка палета на сексуални помагала, од камшици до вибратори со детално објаснување како секој од нив се користи.
Тоа предизвика големи дебати по социјалните мрежи, каде што реакциите беа повеќе негативни.