Еден Азар (27) ги отфрли сите тврдења на својот татко дека тој не потпишува нов договор соЧелси како би можел да ја чека понудата на Реал.
Реал го сака белгиецот, но Челси сака да му понуди подобар договор за да остане на Стемфорд Бриџ. Во интервју за Ле Соир таткото го налути пред се Челси, а потоа и Еден.
“Мојот татко изрече некои лоши работи, јас разговарав со него“, рече Азар, па продолжи:
“Фокусиран сум на Челси, имам договор уште две години и среќен сум.
Како што веќе реков десет пати: Сакам да ја завршам сезоната овде, а потоа ќе видиме што ќе се случува.“
Челси бара напаѓач, се поврзува со Крауч и Карола, но Азар мисли дека тоа не им е потребно:
“Фудбалот е едноставен: држи ја топката на земја и пробај да играш како ние што игравме во саботатата. Имаме двајца добри напаѓачи, но ако тие не се подготвени, јас можам да играм како напаѓач. Луѓето велат дека на нас ни треба засилување само затоа што промашуваме некои шанси, но постигнуваме и голови и верувам дека го имаме најдобриот напад во лигата.