Премиерлигашот до крај ќе истражува како истата фотографија се најде во јавноста.
Во текот на вчерашниот ден низ јавноста излезе фотографија на која се гледаше Алексис Санчез во дрес на Манчестер јунајтед како си прави селфи на „Олд Трафорд“.
Некои поверуваа во истата, за некои беше монтажа. Според информациите кои пристигнуваат од Островот, Манчестер јунајтед веќе започнал истрага за овој случај, се бара виновникот кој ја срушил „забавата“ на клубот околу спектакуларната најава на трансферот кој се официјализираше денеска.
Очигледно е дека некој од редарите на фудбалската арена скапо ќе го плати тој потег…
Извор: 24Фудбал