18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Вака ли во Европа?

И додека во Македонија нејзините политичари помпезно најавуваат дека државата е пред вратите на ЕУ и НАТО и дека ние како држава ги исполнуваме сите услови за да бидеме дел од европското семејство, во Република Македонија многу од политиките на ЕУ, на еден или на друг начин, а кои се поврзани со развојот на државата и одржувањето на еден ефективен и функционален тек на настаните, се неостварени односно воопшто и не се применуваат.

За да не биде дека ова го зборувам напамет, би сакал да ги прашам: Вака ли во Европа? Каде во светот, каде во било која друга европска држава, срушена карпа повеќе од три години го ризикува животот на сите патници кои се движат (и тоа читај, на меѓународен пат) ?

НИГДЕ НА ДРУГО МЕСТО, ОСВЕН ВО МАКЕДОНИЈА!!!

Надвисната над патот, речиси повеќе од три и пол години, карпата која падна на меѓународниот пат за Бугарија поради тогашните дождови и влага, уште виси над главата на патниците кои секојдневно патуваат по овој коловоз, а кој поради карпата наместо двосмерен, стана едносмерен.

ФОТО

И покрај тоа што поминаа повеќе од три и пол години, ниту претходната, ниту пак сегашната власт (која ја критикуваше претходната за ова) не презема никакви мерки за безбедноста на животот на граѓаните кои се движат на магистралниот пат Кочани – Делчево.

Неколку тонската карпа стана вистинска “атракција“ за возачите, кои велат дека им е страв и не се чувствуваат безбедни кога се движат по овој пат. И покрај тоа што сегашната власт реагираше и со право ја критикуваше претходната за нејзиниот несериозен однос кога станува збор за патната инфраструктура во државата, сепак истата исто така не презема ништо за да се отстрани оваа опасна карпа која буквално им виси над главите на минувачите.

Затоа, како некој кој постојано патува на овој магистрален пат, апелирам до властите да се погрижат и да се изнајде трајно решение за овој проблем кој веќе неколку години го загрозува животот на илјадници граѓани.

Само преку европски патишта, а не преку празни ветувања, можеме во ЕВРОПА!!! 
Пишува: Марио Милчевски

поврзани објави

Последни објави