Или како крволочните комитаџии од минатото се ранат и опстојуваaт со суптилен шовинизам, агресивен иредентизам и погубен нацизам, против име од вечност – Македонија
Ете, пред вас е, и го гледате, сето лицемерие, сиот цинизам и сета расипаност на Грците, или поточно на тие од нив кои закажуваат јавни, народни и политички митинзи со примитивен и нецивилизиран плакат, гледано, како од дизајнерски аспект, така и од ракурс на текстот, т.е. содржината на тој и таков плакат.
И сега, за сите тие што запнале да си го смениме името Република Македонија, име стекнато со крв и рани, име од искон и име од вечност и за секогаш, одовде па се до бесконечноста, зарем не гледаат во каков крволочен волк не претвориле злобните Грци, каков смртоносен нож ни зариваат?
Зарем домашните слепци не читаат дека, тие, Грците, се повикуваат на КОМИТАЏИИТЕ ОД ПРВИТЕ РЕДОВИ. А зарем заборавивме кои беа, и еве се уште се ГРЧКИТЕ КОМИТАЏИИ? Зарем не паметиме колку живи, недолжни и невини Македонци одраа и ѕверски ги раскомбасаа низ историјата? И ете тоа било малку, па ги повикуваат сеништата од минатото, демек и требале на Македонија, ама онаа грчката, која според нив и е единствената Македонија.
И видете им го воениот слоган: НАЦИОНАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА СЕГА!
Тие, туѓинците, сенките на ѓаволот, вејките на ветрот, сакаат да не сотрат. За таа цел ги искористуваат и домашните измеќари, кои во јазли збрани како глотно семе се посеани во невреме. Уште еден повик за внимание, до овие вториве: Епа драги мои домашни распродавачи на името и сега ли не гледате дека клетите туѓинци ни го грабаат името. Од нашата болест земаат здравје, од нашата болка црпат радост, а ја посакуваат нашата смрт – за нивен живот.
Кој, СЕГА и ТУКА е ВОЛК? И тоа НАЈКРВОЛОЧЕН ВОЛК – ЅВЕР! – Ние, или ТИЕ – РАСИПАНИТЕ ГРЦИ, како што многу одамна констатирал и Монтескје, еден од татковците на европското право.
Море, и домашните распродавачи и странските грабачи на името Македонија БЕЛО ВИДЕЛО ДА НЕ ВИДАТ.
Извор – Svest.mk