13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Најскапиот во историјата воодушеви на дебито – ја покажа својата класа во Премиер лигата

Најскапиот дефанзивец во историјата на Ман. Сити Емерик Лапорт на својот прв натпревар во Премиер Лигата ја покажа својата класа.

Пеп Гвардиола го “пушти во оган“ директно од авионот со кој долета во Билбао, а тој веднаш на дело демонстрираше дека ќе биде голем плус за неговиот тим.

Лапорт играше во тандем со Отаменди во последната линија на натпреварот против Вест Бром, кој од Етхиад е испратен со три голови во мрежата, и остави силен впечаток на менаџерот Алан Пардев.

“Лапорт одигра маестрално. Врхунски. Неговите пасови за нас направија огромни проблеми. Се започна од него, не шеташе со дијагонали, па не знаевме што не снајде“, рече тој.

поврзани објави

Последни објави