Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено вечерва против Исланд, во рамките на последното коло од групната фаза на СП.
Македонија го отвори одлично натпреварот и поведе со 4:0, но Исланд брзо се врати и направи комплетен пресврт за 4:5. Во продолжение Исланд го диктираше натпреварот и се замина на полувреме со два разлика, 13:15.
Во второто полувреме Исланд продолжи со добрата игра и ја одржуваше предноста се до 50. минута кога Македонија дојде на минус 1. На пет минути до крајот Македонија израмни на 25:25 и најави трилер завршница. До крајот на натпреварот и двете репрезентации постигнаа по два погодоци за конечни 27:27, со кој резултат обезбедивме трето место во групата.
Најдобар стрелец во нашиот табор повторно беше Кире Лазаров со седум погодоци, следуваа Манасков и Ѓеоргиевски со по пет и Столе Стоилов со три постигнати погодоци.
Вреди да се напомене и одличната партија на голманот Колев, кој одбрани неколку клучни удари и го најави резултатскиот пресврт.
Македонија во осминафиналето за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка.