8.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Легендата на Милан победи на изборите и стана градоначалник на Тбилиси

Поранешниот грузиски репрезентативец и фудбалер на Милан, Кака Каладзе победи на изборите за градоначалник на градот Тбилиси, соопшти ЦИК по обработката на сите 727 протоколи од различните секции во градот.

39-годишниот Каладзе, кој е претставник на партија “Грузискиот сон”, ја добил довербата на 51,06% од гласачите на изборите, кои се одржаа во саботата.

Каладзе е роден 27 февруари 1978 година во градот Самтредија во семејството на фудбалерот и капитен на локалниот клуб Локомотив Карло Каладзе. Помеѓу 1995 и 1997 година Кака Калада играше за Динамо Тбилиси, а во периодот 1998-2000 го носеше тимот Динамо Киев. Од 2001 до мај 2010 година, Каладзе настапуваше за Милан, со кои успеа два пати да ја освои Лигата на шампиони.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -